Неколку странски компании се заинтересирани за инвестирање. Има најави од неколку компании од Северна Америка и Европа кои работат во делот на автомобилската, електронската и преработувачката индустрија. Компаниите бараат подобри и поквалитетни локации за нивните погони, а најчесто се работи за проширување на нивните погони и за пренесување на производството во Македонија. Во текот на последната посета на САД договорени се неколку посети од американски компании кои треба да ја посетат Македонија и да ги истражат условите за инвестирање. Остварени се и директни средби на највисоко ниво со над 10 компании. На средбите беше разговарано за нивните конкретни потреби и инвестициски планови за европскиот пазар.
Неколку странски компании се заинтересирани за инвестирање, во нашата земја соопштува за новинската агенција Курир, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо.
- Има најави од неколку компании од Северна Америка и Европа кои работат во делот на автомобилската, електронската и преработувачката индустрија. Компаниите бараат подобри и поквалитетни локации за нивните погони, а најчесто се работи за проширување на нивните погони и за пренесување на производството во Македонија - вели Мизо за Курир.
Во текот на последната посета на САД договорени се неколку посети од американски компании кои треба да ја посетат Македонија и да ги истражат условите за инвестирање.
- Остварени се и директни средби на највисоко ниво со над 10 компании. На средбите беше разговарано за нивните конкретни потреби и инвестициски планови за европскиот пазар - додаде тој.
Неодамна и премиерот Никола Груевски најави инвестиции од две големи компании, кои се очекуваме во наредните неколку недели да го објават своето влегување во Македонија. Како најинтересни области за инвестирање од страна на странските инвеститори се информацискиот и телекомуникацискиот сектор, како и индустријата за преработка на храна.